Пред почетокот на кризата и падот на вредноста на криптовалутите речиси секојдневно читавме за разни нови NFT проекти. Фотографии, анимации, твитови и другите дигитални содржини како виртуелни куќи и бродови се продаваа за многу големи суми. Додека некои тоа го сметаа за лоша инвестиција со никаква вредност, други, слично како и криптовалутите, инвестираа пари во такви незаменливи токени со надеж дека ќе можат да ги продадат по многу повисока цена.
Сепак, како што паѓаше вредноста на криптовалутите така се намалуваше и бројот на NFT проекти затоа што многумина станаа повнимателни околу своите инвестиции. Сепак, една компанија која кризата не ја спречи да навлезе во NFT водите е Tiffany & Co.
Познатиот луксузен бренд најави дека на 5 август ќе почне со продажба на сопствената колекција NFTiff. Ќе бидат достапни само 250 такви NFT, а цената сигурно нема да биде ниска. Ќе се продаваат по цена од 30 етери или околу 50.000 долари и ќе бидат наменети за сопствениците на познатата NFT колекција CryptoPunks.
За разлика од останатите NFT, кои ги има само во дигитална форма, Tiffany дава нешто повеќе – вистински приврзок. Имено, за цена од 30 етери корисниците на CryptoPunks ќе добијат приврзок со лик од колекцијата CryptoPunks, која веќе ја поседуваат, како и дигитална верзија од тој приврзок која се продава како NFT.
Интересно е тоа што ова може да биде најскапата јавна продажба на NFT во историјата. Иако на овој пазар се вртат многу пари, најголем дел од NFT на почетокот би се продавале по пониска цена за потоа на онлајн-продавници како OpenSea нивната вредност би достигнала многу поголема вредност.
(Zimo)
(фото: Tiffany)