Во неколку изданија за Порталот Иновативност зборувавме и пишувавме за Центарот за Биоинфoрматика, за применетата биоинформатика и за регнеративната медицина и персонализираната терапија.
Како продолжение на овие интервјуа, денес ќе зборуваме за актуелен општествен проблем кој ги мачи голем број на наши сограѓани. Имено станува збор за последица од долгиот и интензивен стресен период низ кој минуваме сите. Поточно во ова издание ќе зборуваме за: анксиозност, депресија, напади на паника, несоница, пострауматски стрес.
Сиве овие набројани состојби имаат еден заеднички причинител, а тоа може да се каже дека е индивидуалниот и колективниот стрес од секојдневното живеење.
На почетокот од интервјуто за оние кои прв пат се среќаваат со Применетата Биоинформатика како наука која стои зад регнеративната медицина и персонализираната терапија ќе пробаме да објасниме најкусо и наједноставно што можеме за да бидеме лесно разбирливи. Применета Биоинформатика представува лингвистичка наука која ги проучува клеточните јазици, начинот на кој клетките зборуваат меѓусебе, начинот на кој ги пренесуваат информациите за да можат нормално, односно здраво да функционираат и живеат.
Пример ќе кажеме дека една болест настанува тогаш кога клетките ќе престанат да комуницираат точно и исправно меѓусебе. Применетата биоинформатика проучувајќи ги јазиците со кои клетките комуицираат ни овозможува да ние слушнеме, разбереме и сфатиме како комуницираат во случаите каде има грешка во комуникација, односно болест, да увидиме каде е тој проблем и најважното од се да можеме да им се обратиме на истите клетки на за нив разбирлив јазик и им укажеме каде и како можат да ја променат, односно самоизменат погрешната комуникација и со тоа да го решат, да ја излекуваат болеста.
Ова би било наједноставно објаснување за тоа со која проблематика се занимава применетата бионформатика.
Кратко појаснување за персонализирана терапија и преглед.
Дијагностика во Центарот за биоинформатика трае приближно еден час. На преглед можат да се јават пациенти од најмала возраст (неколку месеци) до неодредена старосна граница. Самиот скрининг, односно прегледот е неинвазивен, безбеден и безболен, нема рестрикции во исхраната и употреба на медикаменти, прегледот не се врши во тесен и затворен простор, пациентите доаѓаат во Центарот во било кое време од денот по однапред закажан термин. После приемот од нашиот персонал, пациентот се упатува во ординацијата, му се поставуваат пасивни електроди на одредени делови од телото, во случајот на рацете, нозете и челото. Скринингот трае десетина минути и потоа добиваме целосна слика за функционалната состојба на организмот. По завршување на скринингот се прави анализа на сликата и интерпретација на добиените резултати од страна на нашите специјалисти. Потоа на пациентот му се предлага одредена пресонализирана терапија за подобрување на здравствената состојба која е дијагностицирана во текот на прегледот.
Ментално здравје
Менталното здравје се дефинира како „состојба на благосостојба во која индивидуата ги реализира своите сопствени способности, може да се справи со нормалните стресови на животот, да работи продуктивно и плодно и да е во состојба да направи придонес кон неговата или нејзината заедница “.
Менталното здравје опишува нечија емоционална, психолошка и социјална благосостојба. Нашето ментално здравје влијае на нашите навики во исхраната, нивото на физичка активност, однесувањето на употреба на супстанции и на тоа како размислуваме, чувствуваме и се справуваме со тешки ситуации. Со менталното здравје се среќаваме секој ден. Менталното здравје на една личност е исто толку важно како и неговото физичко здравје, а условите за ментално здравје се исто толку реални како и физичките болести.Менталното здравје е составено од емоционално, социјално и психолошко здравје. Да се има позитивно ментално здравје е вредно и корисно на многу начини, вклучително: подобрување на Вашето физичко здравје, справување со стресот и тешките ситуации, имајќи добри социјални односи, да се биде поотпорен или полесно да се опоравува од тешки ситуации, чувствувајќи се посреќно и поисполнето.
Обидот да се остане ментално здрав може да биде тежок и не секогаш функционира, особено за време на висок стрес или тага.
Посттрауматско нарушување на стресот (ПТСН)
ПТСН е нарушување што може да се развие кај некои луѓе откако ќе доживеат траума. Никој не знае точно што предизвикува кај некои луѓе да развијат ПТСН. Некои фактори кои можат да влијаат на развојот на ПТСН вклучуваат:
Чувство на ужас, беспомошност и екстремен страв по трауматски настан, имајќи мала социјална поддршка по настанот. Типично, симптомите се појавуваат во рок од три месеци по трауматскиот настан, но понекогаш симптомите може да не се појават со месеци или години. Постојат четири категории на симптоми кои се распространети кај оние кои добиваат дијагноза на ПТСН: преживување, избегнување и промена на расположението и мислите.
Не ги доживуваат сите истите симптоми, но за да се постави формална дијагноза на ПТСН, сите четири мора да се доживеат подолго од еден месец. ПТСН често е придружен со депресија, злоупотреба на супстанции или анксиозност. За среќа, дури и ако траумата има трајни ефекти или е развиен ПТСН, постојат начини на кои луѓето можат да управуваат со последиците од траумата за да можат да имаат исполнет и значаен живот.
Депресијата е збор од кој многумина се плашат и не посакуваат да го слушнат, ниту да го изговорат, а доколку се соочуваат со истата, не сакаат да си помогнат, и токму овде настанува проблемот. Депресијата може да се појави дури и без чувство на тага, болка, безволност. Во таква ситуација станува збор за маскирана депресија и тогаш кога некој се чувствува уморен, исцрпен или верува дека има болно срце или друг здравствен проблем и почнуваат со низа испитувања и прегледи за кој постојано добиваат нормални резултати, а тие се чувствуваат болно.
Најчесто ги чувствуваат старите болки, имаат сосема други чувства и идеи, можат да бидат хипохондрични и да си ги препишат симптомите од разни болести и состојби, притоа воопшто не гледајќи дека станува збор за душевна болест, што исто е едно мерило за тежината на депресивната слика.
Исто така, пациентот чувствува дека не може да сака, ама тоа за него не е болест. Тој во себе не чувствува иднина, а кога чувствува страв и немир, тој не е како вообичаено насочен кон иднината, туку е во сегашноста и се крие во неговото тело и душа, а стравот од смрт за него не е страв, понекогаш, неретко ја посакува, како начин на ослободување од одвратната сегашност. Стравот единствено опстојува од мислата.
Анксиозност, чувство како да сте на ивица, напнати сте, испаничени, пренервозни, загрижени дека Вам или на некој Ваш близок ќе му се случи нешто лошо, а Вие тоа нема да можете да го спречите.
Поради анксиозноста чувствувате телесни симптоми како мускулна напнатост, потење, тресење, бледило, чувство на гушење и задишаност, забрзано дишење, чувство на трема, мачнина, дијареа, болки во главата, грбот, несоница, неправилна работа на срцето, кнедла во грлото и потешкотии со голтање, сува уста, слабост и трпки во рацете и нозете.
Имате панични напади, а не гледате никаква видлива причина за тие да се појават? Штом се појавиле, почнуваат забрзано да се зацврстуваат, а Вие сето тоа не можете да го поднесете? Што доживувате? Интезивен страв проследен со непријатни телесни симптоми кои не само што се непријатни, туку и дополнително Ве плашат, па заклучувате како ќе умрете, ќе добиете инфаркт, ќе паднете во несвест, ќе се угушите. Мислите како морате да побегнете, за да сето тоа го спречите. Сте влегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, безпомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што Ви се случува, Вие немате контрола. Станувате дополнително преплашени.
За се ова има решение, бидете храбри да побарате помош и да го решите проблемот.