Молекуларниот генетиката Јозеф Хана и неговиот тим од израелскиот Научен институт Вајдман успеале да создадат синтетички ембрион на глушец. Поточно, создале ембрион без оплодена јајце клетка и без матка.
Во студијата објавена во списанието Cell појаснуваат дека овој нов модел на ембрион се однесува како и вистинскиот ембрион, односно ги поминува сите фази од развојот на едно живо суштество како што е создавањето клетки од кои се создава срцето, крвта, мозокот и другите органи, како и многу други клетки кои може да се најдат во постелката и другите ткива кои се неопходни за одржување на бременоста.
“Нашиот следен предизвик е да разбереме како матичните клетки знаат што треба да направат – како се спојуваат во органи и како пронаоѓаат очно место во ембрионот. А поради нашиот систем, која за разлика од матката е проѕирен, тоа би ни било корисно во откривањето зошто настануваат дефекти во човечките ембриони” вели Хана.
Овој синтетички ембрион може да даде нов увид во различните фази од развојот на живите суштества.
” Ова е круцијална фаза. Кај луѓето многу бремености се прекинуваат токму во тој момент, а не знаеме зошто. Создавањето на ваквите модели ни овозможува подобро да разбереме што се може да тргне на лошо и може да добиеме увид во тоа што можеме да направиме по тоа прашање” напиша Меган Мунси од Мелбурн, која не била вклучена во студијата.
Научниците моментално се соочуваат со проблемот да го одржат синтетички от ембрион доволно долго во живот за да биде значаен за истражување. Имено, моделот на ембрион кој го развиле во лабораторија живеел само осум дена.
Покрај тоа што ваквиот начин на истражување би го намалил користењето на животни во лаборатории, во иднина може да биде значаен извор на клетки, ткива и органи за пресадување.
Но, како што вели Хана, тоа нема да биде возможно со децении.
(Zimo)