Стапи на сила одлуката на ЕУ за забрана за увоз, на основа на која е прекинат увозот на јаглен од Русија.
Со завршувањето на преодниот период стапи на сила пакетот санкции кои земјите од ЕУ го усвоија во април.
Така, забрането е купувањето, увозот или преносот во ЕУ на јаглен и други цврсти фосилни горива по потекло или извезени од Русија, во вредност од 8 милијарди евра годишно.
Првата од енергетските санкции на ЕУ против Русија беше забраната на купувањето јаглен. Се очекува дека забраната на увозот на нафта од Русија ќе стапи на сила во септември.
Русија е земја која има испорачано најмногу јаглен во земјите од ЕУ со околу 25% од увозот на јаглен кон Европа. Од друга страна, земјите на ЕУ45% од својот вкупен увоз и 70% од термо јагленот кој се користи за производство на електрична енергија го испорачуваме од Русија.
Според податоците на руското Министерство за енергетика, Русија во ЕУ во 2021 година продала 48,7 милиони тони јаглен. Според проценките, забраната на увозот на јаглен може да ја чини Русија 4 милијарди евра годишно.
Освен тоа, аналитичарите проценуваат дека забраната ќе резултира и со покачена цена на јагленот на светските берзи…
(Bizlife)