WhatsApp спреми нови опции за поголема приватност на корисниците

- Advertisement -

Aапликацијата WhatsApp објави нови функции кои на кирисниците ќе им овозможат поголема приватност на користење и дејствување на оваа платформа. Корисниците ќе можат нечујно да ги напуштат групните разговори, ќе контролираат кој може да го види нивниот статус на мрежата и да го паузираат екранот кога ќе гледаат видео кое може да се отвори само еднаш.

Извршмиот директор на компанијата Меta, Марк Цукерберг, рече дека овие новини ќе помогнат пораките на WhatsApp да бидат приватни и безбедни како разговорот лице во лице.

- Advertisement -

Популарната апликација моментално ги известува членовите на групните разговори кога некој ќе го напушти разговорот, што ќе се смени со новите опци.

Шефот на производство на компанијата изјави дека тоа е дел од фокусот на платформата на изградба на карактеристични производи кои им даваат на луѓето поголема контрола и приватност на своите пораки.

- Advertisement -

Корисниците во иднина ќе имаат и опција за статусот на активноста на мрежата, односно само на одредени корисници да им дозволат да видат кога се активни, со што опцијата статус ќе се усогласи со другите поставки.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -