Британските домаќинства со паметни броила за електрична енергија би можеле да бидат платени ако ги исклучуваат високо-енергетските апарати како што се машините за перење во временскиот период кога најмногу се употребуваат уредите, со цел да го намалат ризикот од недостиг на енергија оваа зима.
Националниот електроенергетски оператор ЕСО се подготвува да ги објави плановите за наградување на потрошувачите за намалување на притисокот врз електричната мрежа.
Наградата за намалување на употребата на апарати како што се машините за сушење и машините за миење садови од 17 до 20 часот може да изнесува дури 6 фунти за заштеден киловат часови.
„Сандеј тајмс“, кој прв го објави планот, пишува дека мрежата ќе аплицира за регулаторно одобрување, при што се надева дека шемата ќе биде одобрена до крајот на октомври.