Сушите во Тексас открија диносауриски стапки од пред 100 милиони години

- Advertisement -

Dinosaur Valley State Park / AFP25/08/2022 – 11:59ВЕСТИЛАБАВО

Големите суши во Тексас открија стапки од диносаурус кои се стари над 100 милиони години, пренесува „Гардијан“.

- Advertisement -

Повеќе диносауриски стапки кои припаѓале на диносаурус од видот Акрокантосаурус биле откриени во Националниот парк „Диносауруска долина“ во северозападниот дел од Тексас, откако поради суша скоро до крај секна реката Палукси која поминува низ централен Тексас.

Од националниот парк соопштиле дека животното кое тежело седум тони, живеело во тој реон пред 113 милиони години, а сушата открила околу 60 негови стапки.
„Најголемиот дел од стапкте се откриени сега“, изјавила портпаролката на националниот парк Стефани Салинас Гарсија.

- Advertisement -

Стапките од Акоракантосаурусот не биле видливи од 2000тите, а истите биле скриени под слоеви од вода и кал, иако посетителите понекогаш забележувале стапки од други диносауруси во зависност од временските услови.

Откриени биле и стапки од диносаурусот од видот Сауропосејдон, животно кое тежело 48 тони. Експертите веруваат дека Акрокантосаурусите ги ловеле Сауропосејдоните, па затоа нивните стапки се пронајдени заедно.

- Advertisement -

И неколку други американски држави моментално се погодени од голема суша, за која се смета дека е последица од климатските промени.

Намалувањето на водата во клучните државни резервоари било причина за вмешување на властите, кои вовеле мерки за намалување на користењето на водата во Аризона, Невада и Мексико.

Радио МОФ
Фото – AFP

Сподели!
- Advertisement -