Развиен нов материјал кој може да мисли и да чувствува

- Advertisement -

Инженери од Државниот универзитет на Пенсилванија во соработка со истражувачи од американската авијација создаода мек полимер кој функционира како мозокот, односно симултано може да чувствува, да мисли и да дејствува од механички стрес без потреба од дополнителни електрични кола за да се процесираат тие сигнали.

Тоа може да биде нова алтернатива за интегрираните кола. Интегрираните електрични кола типично се составени од повеќе електронски компоненти на полупроводлив материјал, најчесто силикон, и тие се наоѓаат во сета модерна електроника, вклучувајќи телефони, автомобили и тоботи.

- Advertisement -

Интегрираните кола се главниот елемент потребен за скалабилно процесирање на сигнали и информации, но никогаш претходно научници не ги ставиле во ништо друго освен силиконски полупроводници. Новото откритие ја отвора можноста за речиси секој материјал околу нас да се однесува како интегрирано коло: да мисли за тоа што се случува одоколу.

„Го создадовме првиот примерок на инженерски материјал кој симултано мисли, чувствува и дејствува под механички притисок без да има потреба од дополнителни кола за процесирање на сигналите“ вели Рајан Харне, професор по механички инженеринг на Државниот универзитет на Пенсилванија.

- Advertisement -

Мекиот полимер се однесува како мозок кој прима дигитални информации кои потоа ги процесира, што резултира со нови секвенци на дигитални информации кои можат да ги контролираат реакциите. Мекиот материјал содржи кола кои може да се реконфигурираат и да функционираат со комбинирана логика. Кога материјалот прима надворешен стимуланс, тоа се претвора во електрична информација која се процесира за да се добие излезен сигнал. Материјалот може да користи механичка сила за пресметување на сложена математика или да детектира радиофреквенции за комуницирање специфични сигнали.

Истражувачите велат дека материјалот размислува слично како луѓето и има потенцијална примена во системите за автономно пребарување и спасување, за поправки на инфраструктура, па дури и во биохибридни материјаликои можат да идентификуваат, да изолираат и да неутрализираат воздушни патогени.

- Advertisement -

(Inceptive Mind)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -