Речиси секој втор Европеец никогаш не вежба, ниту спортува

- Advertisement -

Речиси секој втор жител на Европската унија вели дека никогаш не вежба, ниту се занимава со спорт, покажа новото истражување спроведено меѓу испитаници од државите-членки на ЕУ. Според истражувањето на Евробарометар, бројот на луѓето кои не вежбаат пораснал на 45% во однос на 2009 година, кога 39% од испитаниците одговориле дека не вежбаат.

Речиси секој петти испитаник одговорил дека вежба помалку од трипати месечно. Вкупно 32% од жителите на ЕУ вежбаат најмалку еднаш неделно, а дури 6% вежбаат најмалку пет пати неделно.

- Advertisement -

Забележана е и географска разлика меѓу испитаниците и склоноста кон каква било вежба. Учесниците во истражувањето кои живеат во северните членки на ЕУ се поактивни вежбачи.

Истражувањето покажало дека вежбаат 71% од Финците, 63% од жителите на Луксембург и 60% од Холанѓаните. Анкетата покажала и дека со физичка активност не се знимаваат речиси 73% од Португалците, 68% од Грците и 65% од Полјаците.

- Advertisement -

Студијата покажала дека физички поактивните жители на Европа во најголем дел се вработени, добро образовани и финансиски стабилни мажи.Поразителен е податокот дека дури 49% од жените никогаш не вежбаат, во споредба со 40% од машките испитаници.

Само 13% од луѓето кои на 15 години или порано го науштиле пколото вежбаат најмалку еднаш неделно, во споредба со 42% од тие кои го продолжиле образованието барем до 20 години. Само 22% од невработените испитаници вежбаат најмалку еднаш неделно во споредба со 45% од менаџерите кои редовно вежбаат еднаш неделно.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -