Пиењето чај го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2

- Advertisement -

Нова студија покажа дека секојдневното пиење црн, зелен и олонг чај се поврзува со 17% понизок ризик од појава на дијабетес за просечно 10 години. Пиењето една до три чаши чај дневно го намалува ризикот за 4%.

Наодите беа претставени на годишниот состанок на Европското здруѓение за проучување дијабетес во Стокхолм, а се базираат на анализа на 19 студии кои опфатиле повеќе од 1 милион луѓе.

- Advertisement -

Нашите резултати се возбудливи затоа што сугерираат дека луѓето можат да прават нешто толку едноставно како пиење чај за потенцијално да го намалат ризикот од развој на дијабетес тип 2, вели водечката авторка на студијата, Џиајинг Ли, од Универзитетот за наука и технологија Вухан во Кина.

Претходните истражувања покажаа дека чајот може да биде корисен за здравјето, делумно затоа што содржи антиоксиданси и полифеноли, кои може да штитат од болести. Но, за да се намали ризикот од дијабатес тип 2, експертите се сложуваат дека луѓето првенствено треба да ја контролираат својата тежина, затоа што гојазноста е главната причина за појава на дијабетес тип 2.

- Advertisement -

Кога експертите направиле систематски преглед на постојните студии до септември 2021 година од осум земји, анализата покажа дека секоја чаша чај дневно го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2 за околу 1%.

Наодите биле потврдени независно од видот на чај кој се пие, било да се тоа мажи или жени и без оглед на тоа каде живеат. Џиајинг Ли вели дека било потврдено оти чајот го намалува ризикот, но само кога се пие во поголеми количини.

- Advertisement -

Можно е одредени компоненти на чајот, како полифенолите, да можат да го намалат нивото на глукоза во крвта, но доволна количина од тие биоактивни состојки можеби е потребна за да бидат ефикасни.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -