Кинескиот ровер Zhurong на Марс се покажа како полн погодок за кинеските научници, кои од анализата на подтоците кои ги добиваат од радарите на ѕоа роботско возило открија траги на огромни поплави под површината на Црвената планета.
Длабоко под површината на Марс има докази за поплави кои веројатно го обликувале регионот кој го истражува кинескиот ровер. Радарот на Zhurong може да пенетрира до 100 метри под површината на Марс, а анализата на податоците кои ги снимил е објавена во научното списание
Местото на слетување на Zhurong беше регионот на Марс познат како Утопија Планиција. Станува збор за големи рамнини на северната хемисфера на Марс. Некои научниви теоретиризаа дека водата или мразот некогаш ги имало во изобилство во тој регион. Со набљудување од вселената идентификувани се седиментни наслаги кои сугерираат на тоа дека некогаш таму имало океан или поплавени делови.
Проучувајќи ги најновите податоци добиени од радарите на Zhurong научниците се надеваат дека ќе сфатат што се случило и дали може се уште да се најдат вода или мраз под површинските карпи. Радарот на роверот испраќа високофреквентни бранови кои може да доопрат до 3-10 метри под површината и нискофреквентни бранови, кои можат да допрат до 100 метри под површината.
Авторите на студијата анализирале податоци од нискофреквентните бранови на повеќе од 1.100 метри терен. Радарските сигнали се рефлектираат од материјалите под површината. Меѓутоа, радарот не пронашол докази за вода на длабочина до 80 метри, но открил два хоризонтални слоја со интересни примероци. Во слојот од 10 до 30 метри имало поголеми карпи и камења, а и во постариот слој од 30 до 80 метри имало сличен примерок.
Научниците веруваат дека тоа е резултат на брзи поплави кои носеле седименти во регионот пред повеќе од 3 милијарди години, кога на Марс имало многу голема активност на водите, вели коавторот Чен Линг, сеизмолог од Институтот за геологија и геофизика на Кинеската академија на науки.
(Nature)
(фото: Flickr)