Маск сепак даде понуда за Twitter

- Advertisement -

После најавата дека Илон Маск ќе продолжи со преземање на Twitter, беше стопирано тргувњето со акциите на оваа социјална мрежа. Bloomerg News напиша дека милијардерот е спремен да го купи Twitter по оригиналната цена која ја понуди пред неколку месеци, пред да се откаже од договорот.

Акциите на Twitter пораснаа за речиси 13% пред да биде стопирано тргувањето. Маск, инаку, требаше да се соочи со Twitter на суд подоцна овој месец. Директорот на Teslа во април понуди да плати 54,20 долари по акција – тогаш вредноста на Twitter беше проценета на 44 милијарди долари.

- Advertisement -

Неколку недели подоцна тој се откажа од договорот и наведе дека е загрижен дека бројот на бототви на платформата е поголем отколку што тврдеа од Twitter. Twitter ги негираше обвинувањата и го тужеше Маск за да го примора да се реализира договорот.

Дојде и до нагли пад на вредноста на технолошките акции, вклучувајќи ја и Teslа, компанија за електрични автомобили која е основа за голем дел од богатството на Маск. Twitter го обвини Маск дека сака да го напушти договорот затоа што бил загрижен поради цените.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -