ВИДЕО: Робот влезе во ураганот Фиона и направи невидени фотографии и видеа

- Advertisement -

Минатата година научници решија да испратат роботи среде вистинска бура и да ни покажат како изгледаат ураганите одвнатре. Според нив, дроновите истовремено можат да им помогнат подобро да разберат како ураганите се претвораат во опасни бури кои уништуваат и поплавуваат се пред себе.

Неодамна успеаја да го направат токму тоа. Имено, научници од Националната океанска и атмосферска администрација и компанијата Saildrone, која развива дронови за пловење, испратија робот среде ураганот Фиона, односно тропската бура која го погоди Порторико и се движеше кон брегот на Канада.

- Advertisement -

Роботот наречен SD 1078 се борел со бранови високи 15 метри и со ветришта побрзи од 160 км на час за да собере критични научни податоци – односно да даде досега неоткриен поглед на внатрешноста на едни од најдеструктивните сили на Земјата.

SD 1078 е еден од вкупно седум дронови наменети за урагани кои го надлетуваат Атлантскиот Океан и Заливот на Мексико во сезоната на урагани и постојано собираат податоци за подобро да се разберат физичките процеси на ураганите. Според сооопштението кое го објавија, податоците сорбани од ураганот Фиона многу ќе го подобрат предвидувањето на ураганите и со тоа ќе ги намалат човечките жртви.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -