Нова технологија за 3Д печатење е 10 пати побрза од најбрзиот принтер

- Advertisement -

Развојот на полето на 3Д печатењето е непрекинат и последниот од низата пресвртни моменти е иновацијата на научници од Универзитетот Стенфорд. Имено, инженери од овој универзитет создадоа процес за 3Д печатење кој е 5 до 10 пати побрз од најбрзиот принтер со висока резолуција кој постои сега и може да користи различни видови на смола за да се направи еден предмет.

Нивната студија минатиот месец беше објавена во списанието Science Advances и резултатите од студијата покажаа дека иновативниот процес е многу побрз отколк најбрзите постоечки притнери. Исто така, веројатно ќе ик овозможи на истражувачите да користат погусти смоли со подобри механички и електрични особини.

- Advertisement -

„Оваа нова технологија ќе ни овозможи максимално да ги искористиме потенцијалите на 3Д печатењето. Ќе ни овозможи да печатиме многу побрзо и да влеземе во една нова ера на дигитално производство, како и да произведуваме посложени предмети направени од различни материјали со само еден чекор“ вели Џозеф Десимоне, професор по радиологија и хемиски инженеринг на Универзитетот Стенфорд и автор на студијата.

Десимоне и неговите колеги во 2015 година ја развиле техниката наречена „континуирано производство на течен интерфејс“ или CLIP. Со CLIP може да се печати со различни типови на смола во различни фази од процесот на печатење така што посебно се вбризгува смолата. Секоја нова смола се става со посебен шприц. На пример, истражувачите искористиле три шприца со различна боја за да го тестираат принтерот. На тој начин тие успешно направиле структури добро познати во одредени земји и тоа во боите на нивните знамиња – Салата на независноста во САД во црвена, бела и сина боја и катедралата Света Софија во Украина во сина и жолта боја.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -