Во реалноста во којашто живееме се на крајот умира, па дури и ѕвездите. Но, најсјајните ѕвезди се токму тие кои имаат најкраток век. Тие ѕвезди го трошат целиот водород што го имаат за неколку милиони години, а потоа експлодираат како сјајни супернови. Остатоците од нивните јадра колабираат во неутронски ѕвезди или во црни дупки, а тие мали темни објекти ги има насекаде низ нашата галаксија како еден вид на космички гробишта.
На астронаутите им е тешко да откријат неутронски ѕвезди и црни дупки затоа што неутронските ѕвезди, на пример, имаат околу 15 км пречник и ако нивните магнетни полови не се порамнети за да ги видиме како пулсари, обично остануваат незабележани.
Црните дупки се уште помали и не митуваат сопствена светлина. Некои се појавуваат како микроквазари кога ќе ја потрошат масата на ѕвездите придружници, но најголем дел од нив може да се видат само кога ќе поминат помеѓу нас и оддалечени ѕвезди.
Неодамнешна студија објавена во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society ги модел
ира деловите од вселената каде што би можеле да се пронајдат. Авторите на студијата ја набљудувале дистрибуцијата на ѕвездите во нашата галаксија и симулирале како тие остатоци може да бидат повлечени и да почнат интеракција со други ѕвезди Бидејќи тие ѕвезди-гробови типично се постари од сегашните ѕвезди во галаксијата, имале повеќе време за премин на нови орбитални патеки.
Расподелбата на овие ѕвзеди е во рамнина трипати подебела од рамнините на видливиот дел од Млечниот пат, но авторите на студијата откриле еден аспект од нивната дистрибуција кој прилично изненадува. Имено, отприлика една третина од тие стари мртви ѕвезди ќе бидат исфрлени од нашата галаксија. Во нивниот модел една третина од ѕвездите имале блиска средба со ѕвезди која им дала толку забрзување што на крајот ќе ги избегнат гравитациските сили на Млечниот пат.
Посликовито кажано, духовите ги напуштаат гробиштата. Тоа значи дека со тек на време Млечниот пат „испарува“, односно ја губи масата, што е неочекувано откритие на астрономите. Научниците знаат дека малите групи ѕвезди може да испарат, но Млечниот пат е многу помасивен, па се смета дека долгорочното испарување било минимално.
Уште еден аспект на моделот кој ги изненадил било тоа дека ѕвездените остатоци се прилично рамномерно распоредени по Млечниот пат. Тоа значи дека најголем дел од ѕвездите треба да имаат ѕвездени остатоци на стотини светлосни години од себе. За Сонцето најверојатно најмалата оддалеченост до ѕвездени остатоци е околу 65 светлосни години.
(N1)
(фото: Picryl)