Во вторник завршна конференција на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем

- Advertisement -

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ја привршува својата мисија – трансформирање и зголемување на конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија. Следниот вторник, на 18 октомври ќе се одржи завршната конференција Private Sector Engagement или Партнерство со Приватниот Сектор.Тоа е поводот за разговорот со Дејан Јаневски, директор на Проектот.

“Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем на 18 октомври организира конференција која ќе биде и завршен настан на Проектот кој завршува во декември. Во план е да се промовира донаторска помош за раст и развој каде донаторот се позиционира поинаку од она што е традиционално досега. Тоа е private sector engagement пристапот што значи партнерство со приватниот сектор, што не е исто со јавно приватно партнерство.

- Advertisement -

Од своите почетоци во октомври 2017 година, Проектот во својата мисија за подобрување на условите во екосистемот во кој делуваат микро, мали и средни претпријатија,ескпериментираше во делот на private sector engagement за да видиме како функционира моделот.

Самиот проект има три области на делување. Прво, се помага на деловни здруженија, асоцијации и комори  да обезбедат квалитетни услуги, самоодржливост и да функционираат на ефективен начин,  за да се помогне на нивните членки компании. Идејата е со помош на една огранизација која опслужува повеќе компании да се постигне поголем опфат и ефект.

Вториот дел вклучува пристап до финансии, каде помагавме преку посебен систем базиран на плаќање на учинок, односно субвенциониравме ако беше успешен учинокот. Помогнавме да се развие или да се доразвие и пазар на консултантски услуги за финансиско посредување. Оваа компонента овозможи полесен пристап на компаниите до финансии за да можат да инвестираат во сопствениот раст и развој.

- Advertisement -

Третата област на работа, која е главна тема и на конференцијата, е партнерството со приватниот сектор каде донаторот не е само обезбедувач на грант, туку игра улога на партнер на компаниите.

Компаниите се оние кои прават посложени процеси, кои имаат синџир на добавувачи или даваат услуги. Идеја е донаторот, паралелно со компанијата да влезе во инвестиција за да се помогне самиот добавувачки ланец да функционира поефикасно. Целта е да се разбере дека  економијата работи поврзано и ако една компанија произведува еден сложен производ и е успешна, за да остане успешна треба да внимава и на добавувачкиот ланец.

- Advertisement -

Времето на неисцрпни извори на економски раст се намалува. Компаниите кои произведуваат сложени производи знаат дека е попаметно да се инвестира во стабилен добавувачки ланец со кој ќе можат заедно да растат.

Тоа е вплетено и во пристапот и пораката која сакаме да ја пренесеме до водечките компаниите бидејќи работејќи пет години на терен имаме одлични резултати. Работејќи и инвестирајќи паметно, се создадоа услови да се направат многу поголеми вложувања од тие што беа планирани. Кога компанијата ќе види дека има подобри услови за раст и самата почнува да инвестира.

На конференцијата ќе се презентираат тие резултати и ќе се презентира соработка бидејќи сметаме дека овој пристап треба да продолжи и по завршувањето на нашиот проект. Соработуваме со две министерства. Притоа со едното спроведовме  мерка со која ќе се помогне во подобрување на добавувачките ланци. Ова подобрување во најголемиот број на случаите значи подобрување на продуктивноста. Македонија генерално во сите сектори каска во глобалниот стандард за продуктивност. Но, бидејќи конкурентноста базирана на евтина работна сила не е одржлива на долг рок, ќе треба да се подобрува продуктивноста за да се заштедат пари и зголеми ефикасноста на компаниите. Со Министерството за економија направивме мерка каде учесниците во преработувачкиот сектор можеа да аплицираат ако обезбедиле опрема со која им помогнале на нивните добавувачи.

Целта на конференцијата е да се информира пошироката јавност за овој пристап, за резултатите кои се постигнати, и отвори дискусија за како понатаму може овој пристап да се применува, истовремено информирајќи до каде е соработката со Министерството за економија и Министерството за земјоделие.

На настанот ќе слушнеме и искуства од дел од нашите партнери,водечки компании од Македонија кои имаат инвестирано спроведувајќи го овој пристап. Настанот е од регионален карактер, поканети се луѓе од донаторскиот свет, од УСАИД и од регионот, а ќе има говорник од Паладиум, компанија која има глобални искуства со вакви проекти.

Кои се клучните бенефити кои беа постигнати како резултат на проектот? Кои се предизвиците и за понатаму?

Бенефити има повеќе, но клучно е дека со пристапот private sector engagement се генерираат многу повеќе инвестиции кои се пак многу битни за генерирање на раст. Значи се мотивираат инвестиции. Донекаде тоа го прави и државата со програмите за поддршка, но тие мора да го средат мониторингот и мерењето со цел да се видат правите ефекти од нивните постоечки програми. Ние ова го мериме детално. Така, ако на почетокот за $1 долар инвестиран од УСАИД имаше малку над $3 инвестирани од компаниите, четвртата година дојдовме до $18 долари инвестирани од локалните компании на $1 од УСАИД. Бенефитот што го демонстрираме e дека со $1државна инвестиција може да генерираат големи инвестиции, ако се паметни инвестиции со стратегија за раст. Фармерите се многу крути за новитети, но им докажавме дека инвестиција во зголемување на продуктивност се исплати и генериравме сериозен интерес за нашата програма. Работевме и во текстилната индустија, работевме со водечка компанија која продолжи и понатаму да инвестира во своите добавувачи и тоа се примерите кои сакаме да ги истакнеме.

Конечно, демонстриравме дека инвестициите во економски развој може да бидат паметно направени и да генерираат ефект на експанзија. Предизвици има многу, бидејќи се работи во динамична атмосфера и условите се менуваат. Во млечната индустрија на пример на времето имаше 100.000 фармери, но јасно е дека треба да има транзиција каде и само 1.000 да останат ако се професионални, ќе можат да даваат иста количина и квалитет како сите други заедно. Се работи со економија која е флексибилна и мораме да се адаптираме. Останува дека мора да се инвестира во зголемување на продуктивност.

Се издвојуваат ли некои индустрии каде што овој пристап дава подобри резултати?

Да, тоа се оние индустрии кај кои имаат долги снабдувачки ланци. Тоа е една од причините зошто овој пристап функционира во земјоделството каде што се почнува од земјата и водата, а се завршува во преработувачките капацитети. Многу е полесно да се интервенира тука.

Која е клучната публика на конференцијата во вторник? До кого ќе бидат упатени клучните пораки?

Пораката е упатена доо приватниот сектор, државните институции, донаторскиот свет. Клучно е дека овој паметен начин на инвестирање може да даде поголем ефект отколку да се даваат пари на развојни програми чии резултати се знак прашање. Кај нас има проблем со мерењето на резултатите и знаеме дека кога некоја државна институција пласира информации во јавноста кажува колку пари односно помош дала, но не и резултатот од таа помош. Затоа апелирам да се воспостави и тој систем за мерење насочен кон зголемување на ефикасноста на државната помош.

Сподели!
- Advertisement -