ВИДЕО: Робот-балон ќе овозможи да патуваме околу Венера

- Advertisement -

Овој робот еден ден во иднина ќе ни овозможи да летаме околу Венера. НАСА сака да го користи за за да ја истражи планетата од воздух. Балонот се вика аеробот и НАСА само што го заврши првиот успешен тест на балонот на растојание од 1 км во пустина во Невада.

Од американската вселенска агенција се надеваат дека во 2032 година ќе можат да го приклучат на мисијата планирана за Венера. Површината на Венера е многу сурова и е доволно жешка за да може да стопи челик. Освен тоа, опкружена е со корозивни гасови кои се под толку висок притисок што може да смачкаат една подморница.

- Advertisement -

Само четири лендери досега успеале да направат фотографии од површината на Венера. Едниот од нив кој издржал најдолго во нејзината атмосфера се срушил после само 2 часа.

Но, атмосферата повисоко над планетата не е толку сурова. Затоа аероботот би можел оттаму да прави повеќе експерименти. На пример, би можел да анализира од што се составени облаците на Венера, да открие дали некогаш имало вода на површината на Венера или да бара каде имало земјотреси следејќи ги акустичните бранови.

- Advertisement -

Тие податоци потоа ќе ги испраќа до орбитер повисоко во орбитата.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -