По прв пат истражувачи успеаја да искористат само светлина и катализатор за да ги сменат квалитетите на молекули од ист тип како што се цврстината и еластичност,пишува во новата студија објавена во октомври во списанието Science.
Тие биле иинспирирани од живите битија како што се дрвјата и школките и создале уникатен материјал кој е 10 пати поиздржлив од природната гума и ќе овозможи креирање на пофлексибилна електроника и роботи.
Ова е прв материјал од ваков тип во светот, вели професорот Закарија Пејџ, коавтор на студијата. Тој додава дека способноста да се контролира кристализацијата и физичките својства на материјалот со примена на светлина има потенцијал да ги трансформира сите преносни уреди кои ги користиме, како и меката роботика.
Долго време научнциите се обидуваа да создадат синтетички материјали кои ги имитираат живите структури како што се кожата и мускулите. Структурите во живите суштества имаат повеќе својства како што се цврстина и флексибилност. Сепак, кога тоа ќе се примени на комбинација од различни синтетички материјали во лабораторија, тие материјали се распаѓаат. Честопати кога ќе се мешаат различни материјали, особено ако имаат различни механички својства, тие се распаѓаат, вели Пејџ.
Сепак, со користење светлина за да се контролира колку цврст или мек е даден материјал Пејџ и неговите колеги успеале да ја регулираат и да ја модифицираат структурата на материјал кој е сличен на пластика.
Истражувачите тврдат дека процесот кој го примениле тие користи минимален опасен отпад и трае помалку од еден час, што значи дека целата процедура е брза, евтина, енергетски ефикасна и еколошка.
Истражувачите велат дека материјалот може да се користи како флексибилна сонова за електронски компоненти во медицински уреди или преносни електрнски уреди. Во роботиката и цврстите и еластичните материјали се попогодни за подобро движење и поголема издржливост, па има потенцијал новиот материјал да се користи и во таа индустрија.
(Interesting Engineering)
(фото: Pxhere)