Јапонија е позната како земја на генијални изуми, но и на изуми кои не му се баш јасни на остатокот од светот. Еден таков познат под името Project Usoyaro веројатно спаѓа во најнеобичните кои сме ги виделе досега. Имено, уште во 1970 година Sanyo Electronics на Осака Експо претстави ултрасонична када за бањање која ги масира корисниците во текот на 15-минутен циклус. Станува збор за еден вид на автоматска када за бањање.
Друга јапонска компанија Science Co. сега направи модерна верзија на тој проект и се надеваат дека ќе можат да ја претстават на Осака Експо во 2025 година. За разлика од претходната, оваа када, ако може да се нарече када, е машина за бањање која работи со вештачка интелигенција и ветува нежно чистење со помош на технологија за меурчиња и многу сензори.
Како што велат од Science Co., Projeсt Usoyaro треба да биде место за одмор после долгиот работен ден, каде што корисникот ќе се опушти, ќе се измие и ќеужива во омилената серија. Оттаму појаснуваат дека сензорите во кадата ќе ги мерат реакциите на телото за да ја изберат оптималната програма за секој корисник.
Како ќе изгледа сето тоа може да видите од видеото во прилог.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pexels)