Видеоигрите во текот на годините честопати беа обвинувани дека имаат ѓтетно влијание на децата и младите. Но, новите истражувања се почесто покажуваат дека умереното играње видеоигри во детството и младоста може да има позитивни последици на развојот на младите мозоци.
Последното такво истражување, кое беше објавено во Journal of the American Medical Association, откри дека играњето видеоигри може да има позитивно влијание на развојот на когнитивните вештини кај децата.
Авторот на студијата, Бадер Чарани, појасни дека откриле дека децата кои играат видеоигри 3 или повеќе часа неделно имаат подобро развиена контрола на импулсите и работна меморија од децата кои не играат видеоигри. Освен тоа, Чарани вели дека забележале оти активноста на мозокот се менува во регионите кои се однесуваат на видот, вниманието и обработката на сеќавањето.
Тој вели дека тие предности се забележани само кај играњето видеоигри. Другите форми на забава пред екран, како што се допишување, гледање телевизија или YouTube, кои се сметаат за пасивен начин на поминување време пред екран, не даваат такив резултати.
„Нашето откритие покажа дека играњето видеоигри ги подобрува ко нгитивните способности кои се поврзани со инхибициите и работната меморија, но и дека го менуваат начинот на кој се создаваат мемории во мозокот“ вели Чарани и додава дека сега треба дополнителноо да се истражи колку долго траат тие ефекти.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)