Поскапува струјата од Нова Година?!

- Advertisement -

Струјата поскапува. Од 1 јануари најмалку за 5 проценти ќе се зголеми цената на електричната енергија, оти ДДВ за струјата од 5 ќе оди на 10 проценти.

Ова денеска го потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, откако министерот за финансии Бесими го најави вчера. Но тоа не е се. Битиќи вели дека зголемувањето на данокот е само една од ставките во конечната цена на струјата, која ја утврдува Регулаторна комисија. Владата прави пресметки, за зголемувањето да не биде на удар на граѓаните.

- Advertisement -

Битиќи вели дека Владата и понатаму ќе ја субвенционира струјата за граѓаните. Но, од месецов државни пари ќе се трошат и за увоз на струја, иако властите досега се фалеа дека целата електрична енергија сами си ја произведуваме. Откако Владата му наложи на ЕСМ со струја да ги снабди училиштата, водоводните претпријатија, но и компаниите од прехраната, енергија ќе мора да се побара однадвор.

Сподели!
- Advertisement -