По прв пат извршена трансфузија на крв создадена во лабораторија

- Advertisement -

Крв направена во лабораторија по прв пат ставен во телото на човек, а тоа беше направено во рамките на првото клиничко тестирање на лабораториска крв во светот. Станува збор за многу мала количина на крв за да се види како ќе реагира организмот на неа. Научниците веруваат дека трансфузијата и во иднина ќе се базира на дарувањекрв, но целта е да направат резервни количини на ретките крвни групи.

Тоа е најпотребно за оние луѓе кои зависат од почести трансфузии поради различни заболувања, како што е анемијата на српестите клетки. Ако крвта не одговара целосно, тогаш организмот не ја прифаќа и лекувањето не е успешно.

- Advertisement -

Професорката Епли Тол од британскиот Универзитет Бристол вели дека во Велика Британија постојат само деветмина кои можат да донираат крв за луѓе со исклучиутелно ретка крвна група.

На крвта произведена во лабораторија работеле научници од Универзитетот Бристол, Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Лондон и од Националниот здравствен систем на Велика Британија. Процесот на производство трае три недели, односно се додека крвните клетки не се целосно подготвени за трансфузија.

- Advertisement -

Ви клиничкото тестирање учествувале двајца, а целта е крвта да се тестира меѓу најмалку 10 здрави лица. Ќе се добијат две дози крв во количина од 5 до 10 милилитри во текот на најмалку четири месеци. Во првата доза ќе има природна крв, а во другата ќе има лабораториски направена крв. Научниците очекуваат лабораториски одгледаната крв да биде дури и подобра од природната.

Меѓутоа, постојат големи финансиски и технолопки предизвици во лабораториското производство на крв. Потребни се уште многу истражувања за да се произведат потребните количини, пишува BBC.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -