Кинеските најбогати луѓе во текот на само една година изгубија повеќе пари отколку за последните две децении како резултат на мерките за нула КОВИД во Пекинг и војната меѓу Украина и Русија, покажа најновата лоста со богаташи која беше објавена вчера.
Листата Hurun China Rich, на која се рангирани најбогатите луѓе во Кина со минимум богатство од 692 милиони долари, покажа дека само 1.305 луѓе годинава спаѓаат во таа категорија, што е 11% помалку од лани. Нивното вкупно богатство се намалило за 3,5 трилиони долари, што е пад од 18%.
Бројот на луѓе со богатство од над 10 милијарди долари паднал од 56 на 29, а вкупниот број на милијардери се намалил за 239 на 946. Ова е најголем пад на Hurun China Rich List во изминатите 24 години.
Глобалната економска ситуација во изминатава година беше под големо влијание на војната во Украина и забавениот економски раст во Кина беше уште повеќе влошен од ултрастрогите политики за КОВИД.
Најголема загуба од милијардерите на листата има сопственичката на Country Garden Holdings, Јанг Хуијан, која вкупно изгубила 15,7 милијарди долари. Наспрема тоа, Жонг Шаншан, во чија сопственост се компанијата за флаширање вода Nongfu Spring и компанијата за производство на вакцини Beijing Wantai Biological Pharmacy Enterprise, е на прво место на листата со најголем раст на богатството од 17% на 65 милијарди долари.
(Reuters)
(фото: Freepik)