ВИДЕО: LG претстави екран кој може да се растегне за 20%

- Advertisement -

Компанијата LG Display направи 12-инчен екран кој може да се растегне до големина од 14 инчи. Овој тип на екран во иднина ќе може да се корист во материјал за нерамни површини како што е облеката и преносните уреди и дека може да послужи за прикажување пораки, на пример, на униформите на спасувачки тимови.

Растегливите екрани или екраните со слободна форма, како што ги нарекуваат од LG Display, може да се влечат, да се виткаат и да се вртат. Тие претставуваат чекор напред во развојот на флекисбилни екрани кои се наоѓаат на телефони од типот на Samsung Galaxy Fold, но тие можат да се преклопат и да се свиткаат, но не и да се растегнзт.

- Advertisement -

За екранот да може да се растегне LG Display направила основен материјал од силикон кој се користи во производството на контакти леќи. Исто така, содржи микро ЛЕД диоди како извор на светлина., што овозможува поголема резолуција и издржливост. Користени се и струјни кола во форма на пружина за да се овозможи свиткување и преклопување.

„Технологијата за растегливи екрани е револуција сама по себе и нуди ново ниво на сестраност за различни дневни сценарија. Лесно се прицврстува за закривени површини како кожа, облека, мебел, автомобили и авиони, а оваа уникатна иновација го проширува потенцијалот на екраните во различни индустрии, вклучувајќи ја модата, преносните уреди, мобилната индустрија и гејминг индустријата“ се вели во соопштението од компанијата.

- Advertisement -

Растегливи екрани веќе видовме кај Samsung и кај други производители, но се што можеше да се направи е мало вдлабнување кај нив. Технологијата на LG оди многу подалеку и го покажува реалниот потенцијал на таквите екрани во сферата на преносните уреди. LG Display работи на оваа технологија од 2020 година, а се очекува истражувањата да ги завршат до 2024 година.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: LG Display)

Сподели!
- Advertisement -