4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Колку ја чинеле Европа климатските промени во последните 40 години?

Kabtel desktop

На климатската конферецнија COP27 светските лидери дискутираа за преземање конкретни мерки за справување со колективната закана на климатските промени. Ефектите од промените се се поочигледни поради ектремните временски појави од типот на топлотни бранови, поплави и бури.

Овие промени предизвикуваат штети воцелиот свет. Само во ЕУ екстремните временски услови како последица на климатските промени предизвикале економска загуба од 145 милијарди евра само во текот на изминатата деценија.

Во периодот од 1980 и 2020 година проценетата штета е околу 500 милијарди евра само во земјите на ЕУ. Притоа, Франција, Италија и Германија се најлошо погодени од екстремните временски услови.

Тешко е да се анализираат трендовите на економските загуби, главно поради променливоста од година во година. Сепак, Европската агенција за животна средина извести дека екстремните времеснки појави поврзани со климатските промени стануваат се почести. Агенцијата предупредува дека климатските промени можат да резултираат со уште поголеми загуби во наредните години ако не се преземат активности за ублажување на истите.

Само во 2020 година економската штета настаната како последица на климатските промени во 21 земја-членла на ЕУ – тука не се вклучени Унгарија, Кипар, Малта, Латвија, Естонија и Литванија- според Евростат, била околу 12 милијарди евра.

Од 1980 до 2020 година екстремните временски појави кои се резултат на климатските промени предизвикале штета која во 27 земји-членки на ЕУ се проценува на околи 487 милијарди евра. Тоа значи дека годишниот просек на економска штета во изминатите 40 години е 11,9 милијарди евра. Притоа, најголема штета е забележана во 2002 година – 38,8 милијарди евра, а најмала во 1988 година – 1,3 милијарди евра. Штетата била висока и во 2017 година – 27,9 милијарди евра – поради топлотните бранови кои предизвикале шумски пожари.

Од агенцијата проценуваат дека во изминатата деценија има годишен раст од 2% на штетата предизвикана од климатските промени. Во 2020 година, Франција со 4,2 милијарди евра, Италија со 2,5 милијарди евра и Германија со 1,7 милијарди евра економска штета биле најпогодени од климатските промени. После нив следуваат Грција со 969 милиони евра, Белгија со 377 милиони евра, Романија со 370 милиони евра, Турција со 356 милиони евра и Полска со 327 милиони евра.

Во периодот од 1980 до 2020 година Германија со вкупно 108 милијарди евра, Франција со 99 милијарди евра и Италија со 90 милијарди евра повторно претрпеле најголема економска штета од климатдските промени. Овие три земји заедно претрпеле 61% од вкупната штета која климатските промени ја предизвикале во ЕУ.

(Euro News)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!