Србија до 2050 година ќе изгуби 1/5 од населението

- Advertisement -

Проекциите покажуваат дека бројот на Жители во Србија до среидната на 21 век ќе биде помал за 1,4 милиони луѓе или за 1/5, покажа Националниот извештај за човечкиот развој во Србија за 2022 година.

До 2041 година речиси секој четврти жител на Србија ќе има над 65 години. Падот на населението ќе ја погоди целата држава, но нема еднакво да ги погоди сите нејзини делови. До половината на овој век најналку ќе биде погоден Белград, каде што населението ќе се намали за 3,8%, додека најмногу жители ќе изгуби југоисточна Србија, каде што населението ќе се намали за над 40%.

- Advertisement -

Директорката на Регионалната канцеларија на UNFPA за Источна Европа и за Централна Азија, Флоренс Бауер, наведе дека растот на светската популацијa, која веќе достигна 8 милијарди жители, не смее да ги потисне во втор план сериозните последици со кои би се соочиле државите каде што има се помал број на жители ако не размислат за начинот на којшто се справуваат со демографските промени.

Како што истакна таа, генерално гледано, растот на населението е значително забавен и почна да се менува во се поголем број држави, главно во Централан и во Источна Европа, каде што миграцијата и ниската стапка на фертилитет влијае на намалување на населението.

- Advertisement -

Ако оваа ситуација не се реши, укажано е дека може да влијае на идниот развој на економијата, инфраструктурата и општеството во целина. Според Бауер, потребен е широк спектар на мерки кои на луѓето им го олеснуваат градењето на сопствената иднина во сопствената држава наместо да бараат прилики на друго место, како и да имаат колку што сакаат деца. Таа додава дека за тоа е потребно дрѓавите да го преиспитаат начинот на кој државите пристапуваат кон демографските промени.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -