Италијанкиот стартап Energy Dome, кој ја направи првата СО2 батерија во светот, потпиша договор за извоз на територијата на САД. Од компанијата велат дека нивната технологија е врската која недостасува за да се направи целосна транзиција кон одржлива енергија.
Батеријата на Energy Dome е дизајнирана за индустриска употреба. Може да складира огромни количини енергија од обновливи извори, како што се ветрот и сонцето. Енергијата потоа се ослободува кога има потреба.
Складирањето енергија е една од најголемите пречки во транзицијата кон чиста енергија. Соларната и енергијата од ветрот може да се соберат во огромни количини, но нема доволно место за складирање. Батериитењ кои постојат денес, како што се литиумските и оловните, се многу скапи. Освен тоа, тие батерии се идеални само за мали количини енергија.
Од друга страна, CO2 батеријата е и одржлива и поевтина. Исто така, потешко се уништува. Батериите на Energy Dome може многу брзо да се постават каде било во светот по најмалку половина од цената на сличните литиум-јонски батерии и за нивно производство се користат широко достапни материјали како што се јаглерод диоксид, челик и вода.
CO2 батериите имаат едноставен принцип на работа – користат кондензиран CO2 за складирање енергија. Кога има енергија во огромни количини, може да се користи за да се кондензира и да се складира CO2 под притисок. Кога ќе има потреба од енергија, CO2 се загрева и се претвора во гас, па во енергија која ги придвижува турбините.
Energy Dome претходно годинава ја направи првата фабрика со такви батерии во Сардинија. Проектот беше успешен и се покажа дека потенцијало за скалдирање може да се спореди со другите достапни батерии.
(Inhabitat)
(фото: Max Pixel)