Градежната компанија Binghatti од Обединетите Арапски Емирати ги здружи силите со брендот за накит и часовници Jacob & Co и заедно работеа на највисоката станбена зграда во светот. Зградата Бурџ Бингати (Burj Binghatti Jacob & Co Residences) на самиот врв ќе има кристална круна која ќе изгледа како да е направена од дијаманти.
Зградата ќе има 100 ката и ќе ја надмине по висина моментално највисоката станбена зграда во светот, New York Central Park Tower. Новиот облакодер ќе ни навести како ќе изгледа иднината на луксузното урбано живеење, а ќе содржи удобни модерни станови во срцето на дистриктот Business Bay.
На врвот на самата кула ќе бидат најлуксузните пентхауси со панорамски поглед над целиот град. Освен тоа, секој пенхтаус ќе биде наречен според некое од ремек делата на Jacob & Co.
Во ентериерот ќе има детали дизајнирани од овој глобален бренд и неспоредлив уникатен стил. Структурата ќе има и други луксузни удобности за жителите, како, на пример, инфинити базен кој ќе биде надвиснат над центарот на Дубаи, сала за вежбање и спа.
Освен тоа, ќе има и консиерж служба која ќе обезбедува а ла карта бенефити како што е грижа за деца, возачи и приватни готвачи. Крајниот резултат е првокласно искуство за сите коишто го сакаат и што е најбитно, можат да си го дозволат најдоброто.
(Interesting Engineering)
(фото: Binghatti)