Нова социјална мрежа сака да ги привлече незадоволните корисници на Twitter

- Advertisement -

Преземањето на Twitter од страна на Маск и сиот хаос кој следуваше потоа остави последици. Освен што многумина останаа без работа и Twitter изгуби дел од огласувачите, дел од корисниците најавија бришење на профилите на овааа мрежа и замена со алтернативни страници. Засега изгледа дека таа бројка е мала и ако ситуацијата со тек на време се смири, долгорочно можеби нема да има поголеми последици на компанијата и на социјалната мрежа.

Сепак, поради се што се слулуваше со Twitter во последно време се појавија нови социјални мрежи кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата и да ги привлечат корисниците кои избегале од Илон Маск. Една од тие мрежи кои сакаат да го предизвикаат Twitter, а која е и поволна за корисниците е Post.

- Advertisement -

Она по што е интересна оваа мрежа е нејзиниот основач. Станува збор за поранешниот директор на Waze, Ноам Бардин, кој Post го замисли како место за пристојно дебатирање за идеи, учење од експерти, новинари, индивидуални креатори и други, односно место за слободна конверзација и забава.

Како што вели Бардин, денес комуникацијата на социјалните мрежи често се сведува на закани, навреди и губење време. Со Post тој сака повторно да го врети времето кога социјалните мрежи беа забавни и кога на нив можеше да се научи доста.

- Advertisement -

(9to5Google)

(фото: Post)

Сподели!
- Advertisement -