8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Најатрактивни се програмерските плати, текстилците далеку под просекот!

Kabtel desktop

Просечната исплатена нето плата за септември месец изнесува 32,553 денари. Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот Завод за статистика објавени денеска.

Податоците покажуваат и дека секторот Информации и Комуникации значајно доминира пред другите во износот на платите со 62,876 денари исплатена нето плата во четвриот квартал од оваа година. Најголеми плати земаат програмерите и истите изнесуваат 83,897 денари или 1,361 евро.  После нив следуваат вработените во телекомуникациите кои земале плата од 44,226 денари.

Ако се водиме според премисата дека луѓето професиите најмногу ги одбираат поради големината на платите, овие се едни од најпосакуваните во државата, но и пошироко.

Потребно е и да се напомене дека особено оние кои работат како програмери имаат поголема флексибилност, но и дополнителни бенефити кои ја прават попривлечна оваа професија.

Следен најплатен сектор е Финансиски дејности и дејности на осигурување, каде просечната плата изнесувала 47,036 денари. Во склоп на овој сектор, најголеми плати им биле исплатени на работниците кои работат во финансиско –услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 49,109 денари и вработените во осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување – 42,840 денари.

Сектори со поголеми плати се и рударскиот, градежништвото, трговијата итн.

Преработувачката индустрија останува на дното на сектори со најниски плати. Во септември таму била исплатена просечна нето плата од 28,570 денари. Најголеми плати во склоп на овој сектор биле исплатени во производство на пијалаци – 42,059 денари и во производство на тутунски производи – 30,370 денари. Во производство на текстил и на облека биле исплатени 27,217 односно 22,500 денари. Тука мора да се напомене дека бројот на работници во преработувачката индустрија постојано опаѓа, а најголема причина за тоа се токму платите.

Потоа следува секторот Земјоделство, шумарство и рибарство со плата од 25,857 денари.

Ако секторите би ги ставиле на една листа по однос на тоа во кој од нив има најниска плата, на последно место ќе се најде секторот Административни и помошни услужни дејности каде платата изнесувала 25,145 денари. Таму најголеми плати земале вработените во дејностите на изнајмување и давање под закуп (лизинг) – 37,593 денари и оние во канцелариско-административни и помошни дејности и деловно-помошни дејности – 34,554 денари. Иако некои плати отстапуваат од просекот на секторот, односно се повисоки, најголемиот дел од вработените во дејностите во наведениот сектор имаат потпросечни плати.

извор: rabotnik.com.mk

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!