Европската табела на иновативност ги оценува земјите во ЕУ во 32 категории, меѓу кои атрактивни истражувачки системи, инвестиции во истражување и развој, употреба на информатички технологии итн. Според оваа табела, ова се петте најиновативни земји во Европа.
На петто место се наоѓа Белгија, чија влада многу инвестира во истражување и развој на бизнисите.
На четврто место е Холандија. Земјата има огромен број на докторанди дојдени тука од други држави, а има и многу мигранти кои псоедуваат силни дигитални вештини.
На трето место е Данска. Данска нема речиси никакви истражувачки публикации.
Второто место го зазема Финска, каде што има огромен број на ИКТ експерти.
И на прво место е Шведска, која има најдобри оценки и е најдобро рангирана во сите категории: доживотно учење, дигитални вештини и пријавени патенти.
(World Economic Forum)
(фото: Flickr)