Хеликоптерот Ingenuity поставува нови рекорди на Марс

- Advertisement -

Откако тргна на својот историски прв лет хеликоптерот Ingenuity на НАСА во текот на повеќе летови на Марс покажа дека авиоиндустријата има иднина на Црвената планета. Летањето со перки какви што има Ingenuity на Земјата не би било проблем на Земјата, но во условите на Марс секој негов лет е извонредно достигнување на науката и инженерството. Гравитацијата на Марс е само 1/3 од онаа на Земјата, а атмосферата е многу тенка, односно има густина од само 1% од нашата. Летовите дополнително ги отежнува фактот дека за радиосигналите се потребни повеќе од 12 минути за да стигнат до Марс, што значи дека Ingenuity мора да лета без човечка контрола.

Леталото успешно ги надминува сите тие предизвици. Во април минатата година го направи првиот моторен лет на оваа планета, достигнувајќи висина од 3 метри и лебдејќи 30 секунди. Ingenuity досега направи вкупно 35 летови на Марс, а најголем дел од нив беа за извидување на кратерот Језеро за да му помогне во навигацијата на роверт Perseverance.

- Advertisement -

Сега НАСА објави дека Ingenuity постигнал нови висински рекорд и достигнал висина од 14 метри. Хеликоптерот досега има поминато 7.400 метри во вкупно 60 минути летање, а научниците на НАСА неодамна инсталираа софтверско ажурирање кое на Ingenuity му овозможува подобро да избегнува опасност при слетување и користење дигитални мапи при навигацијата. Тоа е битен дел од неговата функционалност додека продолжува да го следи роверот Perseverance на терен.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -