TikTok се покажа како опасен конкурент на Instagram, YouTube и други социјални мрежи и видеосервиси, но и на Amazon. Колкава е популарноста и влијанието на TikTok најдобро можеме да видиме по бројот на компании кои се обидуваат да ја имитираат оваа социјална мреа. Свои кратки видеа претставија и YouTube и Instagram, а сега на ред е и Amazon.
Освен што TikTok им ги презема корисниците на Facebook, Instagram, YouTube и на други слични мрежи и сервиси, изгледа дека ја загрози и Amazon. Имено, бидејќи брендовите можат директно да се рекламираат на TikTok и преку таа мрежа на корисниците да им нудат свои производи и услуги, тие корисници сега помалку купуваат преку Amazon.
Американскиот е-трговец тоа сака да го смени и затоа ја претставија Inspire, ноа услуга во рамките на нивната мобилна апликација за шопинг која на корисниците ќе им овозможи ново искуство во онлајн шопингот. На тој дел ќе се прикажуваат кратки видеа, но и фотографии од производите, како и идеи за шопинг и други содржини на инфлуенсери и брендови. Се разбира, корисниците директно од тој дел на апликацијата ќе можат и да купуваат производи.
За да им се прикажуваат содржини кои ним ќе им бидат интересни, корисниците при првото активирање на Inspire треба да ги изберат своите интереси, а прикажувањето содржини со тек на време дополнително ќе се прилагодува на корисниците и на нивните интереси.
(CNET)
(фото: YouTube)