После повеќе од 25 дена поминати во вселената и во орбитата околу Месечината, вселенскиот брод Orion на американската вселенска агенција НАСА слета во Тихиот Океан. Слетувањето се случи во близина на мексиканскиот остров Гвадалупе.
Капсулата, во која немаше астронаути за овој пробен лет, влезе во земјината атмосфера со брзина од 40.000 км на час и мораше да издржи топлина од 2.800 степени Целзиусови, односно дупло помалку отколку што е најниската температура на површината на Сонцето.
Главната цел на оваа мисија беше да се тестира топлотниот штит на каспулата, кој е нјаголемиот таков штит кога било направен во вакви услови. Штитот има 5 метри пречник.
Леталото при спуштањето прво го забави земјината атмосфера, потоа 11 падобрани, се додека не достигна брзина од околу 30 км на час, кога се спушти во водата. Мисијата има за цел собирање податоци за Месечината.
Погледнете како изгледаше слетувањето на овој вселенски брод.
(N1)
(фото: NASA)