Сите што секојдневно носат очила знаат колку се нервираат кога очилата ќе им се замаглат поради промена на температурата или влагата во воздухот. Се разбира дека можеме да ставиме некој од постојните спрејови што ќе спречи замаглување, но него ќе мора да го ставаме постојано затоа што дејството не му е трајно.
Тим од истражувачи од Швајцарскиот федерален институт за технологија го создаде совршеното трајно решение за тој проблем. Тие неодамна поднесоа патент за ултратенок и 100% провиден слој кој ја отстранува замагленоста и спречува понатамошно формирање на истата. Овој слој освен на стаклата од очилата, на пример, може да се стави и на шофершајбната на автомобилите.
Посебниот слој е направен од титаниум оксид и честички од злато. Тој слој селективно ја апсорбира инфрацрвената радијација од светлината и создава ефект на загревање кој е доволно можен за да се спречи замаглување. Овој слој, практично, создава топлина за да се спречи замаглување. За да може да се загрее ја користи сончевата светлина, а интересно е тоа што речиси половина од енергијата од сонцето се наоѓа во близина на инфрацрвениот спектар, кој ние не можеме да го видиме со голо око.
Златниот слој не ги апорбира останатите 50% од сончевата светлина, кои се ултравиолоетови зраџи и видлива светлина. Со селективната апсорпција на инфрацрвениот спектар површината на стаклото може да се загрее до 8 степени Целзиусови, што е доволно за да се спречи замаглување.
„Тоа го постигнавме така што направивме метален слој од злато кој има специфична дебелина каде што се случува оптичката аномалија. Тоа овозможува силна и широка апсорпција на инфрацрвениот спектар од само неколку нанометри (вкупно 10 nm)“ вели еден од авторите на студијата.
Истражувачите објаснуваат дека нивниот „сендвич“ од 10 нанометри се состои од два слоја титаниум оксид и среден златен слој. Златниот слој е 12 пати потенок од обичните листови злато. Бидејќи целиот слој е ултратенок, лесно може да се интегрира под постојните стандардни премази, кои штитат од гребење, прашина и хемикали. Освен тоа, може да се стави и на флексибилни супстрати и не се крши кога се витка.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)