СЗО: Во 2023 година работите ќе тргнат на подобро

- Advertisement -

Светската задрвствена организација е оптимистична – глобалната вонредна здравствена ситуација предизвикана од пандемијата на корона вирусот може да заврши во 2023 година. „Се надеваме дека идната година ќе можеме да речеме: ова повеќе не е пандемија“ велат од СЗО. Додаваат дека, сепак, вирусот ќе биде межу нас, но сега светот има алатки – вакцини, лекови и кодекс на однесување.

Бројот на случаи на mpox, како што ги нарекоа мајмунските сипаници, исто така падна за над 80% и нема случаи на ебола во Уганда веќе некое време. Гледајќи на 2023 година, велат од СЗО, има многу причини за загриженост: можен глад во Африка,лоши санитарни услови на многу места, нездрава исхрана, маларија и туберколоза.

- Advertisement -

СЗО не може да прогласи дека пандемијата е готова. Терминот пандемија дури и не се појавува во Меѓународните здравствени прописи на СЗО. Но, ќе може да се укине вонредната ситуација во јавното здравство од меѓународна загриженост, која беше прогласена на крајот на 2020 година поради корона вирусот.

Прогласувањето вонредна ситуација има за цел да ги пробуди владите за да подигнат заштитни мерки и да соработуваат. Меѓутоа, секоја земја посебно наметнува услови. Укинувањето на мерките против корона вирусот во Германија, на пример, не беше условено од укинувањето на вонредната ситуација од СЗО.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -