Саудиска Арабија ќе гради кула висока 2 км

- Advertisement -

Саудиска Арабија планира да ја гради највисоката кула во светот, висока дури 2 км. Кулата ќе биде изградена во главниот град Ријад, во рамките на областа од 18 км2 во центарот на градот.

Облакодерот ќе биде повеќе од двапати повисок од моментално највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, која е висока 828 метри, напиша во извештај списанието Middle East business intelligence.

- Advertisement -

Во извештајот се вели дека изведувачите на такви проекти проценуваат дека еден таков проект би чинел околу 5 милијарди долари. Моментално е во тек конкурс за изградба на оваа рекордна кула, за чие учество компаниите плаќаат 1 милион долари.

Според изворите, досега околу 8 компании се во трка за изградба на кулата. Некои од врвните архитетконски компании во светот соработуваат едни со други и тие биле избрани за проектот врз основа на нивната претходна работа на уникатни импозантни градби и мегакули ширум светот.

- Advertisement -

Американските компании Skidmore, Owings & Merrill (SOM), Adrian Smith & Gordon Gill Architecture, Kohn Pedersen Fox (KPF) и Gensler се меѓу учесниците. Француската Egis и арапската Killa Design исто така се натпреваруваат на конкурсот.

Новата кула во Ријад е само еден од многуте шроекти кои се планирани за северниот периферен дел на Ријад.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -