Градот познат по својата импресивна шпанска архитектура, Валенсија, сега си зададе нова цел – да стане карбонски неутрален град до 2030 година. За таа цел сега уличните сијалици се користат за полнење на електричните автомобили. Со оваа иницијатива сакаат да го зголемат бројот на места за полнење од постојните 12 станици, на дури 150.
Камерите со сензори на движење наскоро ќе ги палат или гасат сијалиците кога некој ќе помине, што е уште една мерка за заштеда на енергија. Секоја камера ќе надгледува одреден дел од тротоарот или плажата и кога ќе детектира минувачи, ќе се запали светлото или ќе се засили јачината. После околу 5 минути, временска рамка која уште не е точно утврдена, системот ќе го намали интензитетот на светлинаѕа.
Валенсија не се труди да заштеди само енергија. За уличните сијалици да се претворат во станици за полнење електрични автомобили потребни се околу 2.500 евра по бандера, додека за изградба на една стандардна станица за полнење потребни се околу 50.000 евра.
Познат како рибарски град, Валенсија сега се претвора во лабораторија за енергетска ефикасност благодарение на проектот MAtchUP, финансиран од ЕУ, кој има за цел развој и скалирање на решенија за паметни градови. an EU-funded project aimed at developing and scaling up smart city solutions.
Во рамките на проектот MatchUp се поставуваат и соларни панели на многу јавни згради. Градскиот совет последно објави повик за инсталирање на такви соларни панели, кои ги нарекуваат соларни перголи, во пет региони во Валенсија.
Понатаму, урбаниот иновативен центар Лас Навес наскоро ќе стане првата социјализирана соларна централа во градот, проект вреден 100.000 евра, од кои 80% се финансирани од самите граѓани, кои инвестирале од 100 до 2.000 евра.
Од видеото во прилог можете подобро да ги видите иновативните проекти во Валенсија.
(Euro News)
(фото: Flickr)