Google одлучи да стави крај на шопингот што го прават деца во продавницата Google Play и затоа ја претставија опцијата наречена Purchase Requests, односно барање за купување. Опцијата е наменета за родителите чии деца знаат да потрошат доста големи суми од нивните картички.
Идејата е при какво било купување Google да побара авторизација од родителите, особено од тие кои ја немаат вклучено опцијата родителско плаќање. При користењето на заедничка сметка, која некој кој не е носител на сметката ќе побара дозвола за да купи нешто во Google Play, трансакцијата нема да биде веднаш реализирана, туку ќе добијат порака „Прашајте го својот родител“, односно „Ask your parent”.
Истовремено, сопственикот на сметката ќе добие прашање од Google за таа трансакција и ќе мора да даде одобрение за да биде реализирана. Исто така, ќе биде наведено за каква трансакција се работи, за апликацијата, за купување во рамките на апликација и сл.
Како што објаснуваат од Google опцијата ќе им помогне на корисниците кои уште не поставиле родителско плаќање да ги избегнат дополнителните трошоци на картичките.
(Zimo)
(фото: Flickr)