Дијагностицирањето на ракот денес вообичаено се прави со операција, рендген или тестови на крвта. Сите тие методи се инвазивни и за сите морља да се оди на лекар. Но, наскоро тоа ќе се промени. Тим од истражуваќи од Институот за истражување на ракот Битсон во Глазгов, Шкотска, направија биомаркер кој ја тестира урината за откривање на рак на црн дроб.
Главниот автор на студијата, д-р Саверио Тардито, вели дека се очекува да се зголеми бројот на луѓе кои ќе можат да живеат со рак на црн дроб, а потребни се нови алатки за да се открива болеста и да се третира што порано.
„Бевме возбудени да откриеме нов метаболит кој претходно не беше познат кај цицачите, а е добар кандидат за дијагностичко тестирање специфично за одреден тип на рак на црн дроб и лесно може да се детектира во урината и потенцијално да се користи како маркер за следење на растот на туморите“ вели д-р Тардито.
Тој објаснува дека тимот планира да спроведе повеќе студии за да истражи колку рано се појавуваат метаболити, за да се идентификува колку рано тест на урината може да даде точни резултати за болеста.
Околу 1/4 од болните од рак на црн дроб имаат форма на болеста каде што туморот е резултат на протеинска молекула позната како бета-катенин. Новиот тест на урина ќе ја детектира таа молекула и ќе биде ефективен индикатор за ракот на црн дроб.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)