Научници тврдат дека може да се открие вонземски живот на месечината на Сатурн без да се оди таму

- Advertisement -

Една од најбитните вонземски локации во Сончевиот систем за развој на живот е месечината на Сатурн, Енцеладус. Под неговата ледена површина се наоѓа голем солен океан, кој јадрото на планетата го одржува на температури погодни за вонземски морски екосистем.

Проблемот е во тоа што Енцеладус има ледена кора, за која се проценува дека е дебела и до 5 км, па откривањето на потенцијален вонземски живот во длабочините на неговиот океан е се, само не лесна работа. Самиот океан има длабочина до дури 10 км. Дури и за Земјата тоа е голем предизвик за истражување, а фактот дека овде се работи за Месечина која од нас е оддалечена половина Сончев систем го прави ова уште потешко.

- Advertisement -

Сепак, можеби нема да мора да се дупчи дебелата ледена кора на Енцеладус затоа што нова научна студија објавена во списанието The Planetary Science Journal открива дека би можеле да откриеме живот на ледената Месечина на Сатурн во облаците од слена вода кои во облик на гејзери избиваат од неговата површина.

Јасно е дека не може лесно да се испрати робот низ ледените пукнатини и далбоко да нурне на морското дно. Со симулација на податоци која посебно опремено и напредно вселенско летало би ги собирало од пареата тимот покажал дека тој пристап би бил доволен за прецизно одредување дали има живот во океанот на Енцеладус, вели еден од авторите на студијата.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека длабоко под океаните на Земјата, далеку од светлината на Сонцето постои друг вид на екосистем, насобран околу отворот на океанот кој исфрла топлина и хемикалии и каде што животот не се базира на фотосинтеза, туку на искористување на енергијата од хемиските реакции, можеби постои можност нешто слично да има и на Енцеладус.

Она што досега е познато за Енцеладус сугерира дека слични екосистеми можеби има на неговото морско дно. Орбитата околу Сатурн трае 32,9 часа и има елипсовидна форма, со што се создава доволно топлина за водата најблиску до јадрото да остане во течна состојба. Ова не е само теорија затоа што на јужниот пол на Енцеладус, каде што ледената кора е најтенка, се забележани џиновски облаци од вода високи стотици километри како избиваат под мразот, исфрлајќи вода, за која научниците мислат дека може да присонесува за мразот во прстените на Сатурн.

- Advertisement -

Сондата Cassini, која пролетала покрај облаците на Енцеладус пред десетина години, детектирала необилни молекули, како и висока концентрација на супстанции кои ги има во хидротермалните извори на Земјата – метан и помали количини диводород, како и јаглерод диоксид.

На Земјата хидротермалните извори се полни со живот и покрај темницата и високиот притисок. Наједноставните живи суштества кои постојат се микробите наречени метаногени и кои сами се снабдуваат дури и без сончева светлина. Метаногените го метаболизираат дихидрогенот и јаглерод диоксидот, ослободувајќи метан како нуспроизвод. Тоа значи дека и на Енцеладус може да постојат такви организми.

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -