Многу истражувања покажаа дека паметните телефони и социјалните мрежи имаат значително влијание врз нашиот начин на живот. И тоа не секогаш на позитивен начин. Но, дали сте се запрашале дали социјалните мрежи влијаат и на нашите мозоци? Одговорот на тоа прашање се обидоа да го дадат научници кои направија истражување во тек ан три години и чии резултати се многу интересни.
Истражувањето го направија неуронаучници од Универзитетот на Северна Каролина, кои во текот на три години следеле 169 научници и како тие ги користат социјалните мрежи. На почетокот тие имале 12 години и морале да одговорат на прашања за користењето на социјалните мрежи, а потоа биле поделени на групи – тие кои ретко ги користат таквите мрежи, тие кои умерено ги користат и тие кои често ги користат. Во текот на тој период еднаш годишно им бил скениран мозокот додека играле игри создадени за нив за да им се активира мозочната активност.
Резултатите покажале дека децата кои се постари почесто ги проверуваат социјалните мрежи и се многу чувствителни на повратите реакции од нивните врсници, вели една од авторките на студијата Ева Телцер. Имено, скенирањата покажале дека меѓу децата кои често ги прегледуваат социјалните мрежи е забележана поголема активност во деловите од мозокот поврзани со општествените очекувања и социјалните награди и во текот на истражувањето се зголемила осетливоста во тие делови од мозокот.
Она што го напоменува Телцер е дека со оглед на тоа дека фокусот на истражувањето е многу ограничен, врз база на резултатите не може да се заклучи дали тие промени на мозокот се штетни, туку со истражувањето само се забележани промените кои не се ниту добри, ниту лоши. Тие промени би можеле да се однесуваат на навикнување на мозокот на начини кои на тинејџерите им помагаат полесно да одговорат на предизвиците во светот во кој живеат, што во суштина е добра работа, но може да биде и многу лошо ако тоа доведе до создавање на зависност и ако влијае на нивната способност во реалниот живот.
(New Atlas)
(фото: Wikimedia)