Детален преглед кои градови во Европа се најскапи, а кои најевтини за живеење

- Advertisement -

Тирана, главниот град на Албанија, е третото најскапо место за живеење на Западен Балкан, по Будва и Белград, покажа извештајот на Numbeo 2023 за животните трошоци.

Извештајот дава податоци од дневните трошоци ширум светот, создавајќи индекс на најскапите градови за живеење, до најевтините.

- Advertisement -

На врвот на листата за 2023 година е Базел, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Норвешките градови Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо во Норвешка се во првите 10. Други високо рангирани во Европа се Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција.

На дното на листата е Украина разурната од војната со нејзиниот опколениот град Харков. Други евтини места за живеење ги вклучуваат украинските градови Лавов, Одеса, Днипро и Киев.

- Advertisement -

Во однос на Западен Балкан, Приштина, главниот град на Косово, е едно од најевтините места за живеење во Европа, заедно со Ниш- Србија, Крајова- Романија и Тузла во Босна и Херцеговина.

Белград е најскапиот град во регионот, следен од Будва- Црна Гора и Тирана- Албанија.Трошоците за живот во Белград се 42,5% од оние на Њујорк, додека Тирана остварила 41% – што е зголемување од 3,7 повеќе од претходната година.

- Advertisement -

Додека Тирана е рангирана како евтина низ Европа, таа е скапа за локалното население. Зголемените трошоци и неизмерната инфлација доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов, половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа.

Податоците на албанската национална статистичка агенција ИНСТАТ објавија дека во 2021-2022 година, 12,6 отсто од Албанците кои се вработени исто така се изложени на ризик да западнат во сиромаштија. Кај невработените, ризикот од сиромаштија е поголем и достигнува 39%; кај пензионерите е понизок околу 14%.

Скопје се најде на 425 место од вкупно 551 градови во светот според трошоците за живот, а меѓу 240 европски градови, главниот град на Македонија е на 223 место. По него се Тузла на 227, Ниш на 232 и Приштина на 234 место.

Еден од најгорливите проблеми за Скопјани е загадувањето и според анкетираните дури 83, 1 проценти се изјасниле дека тоа е многу високо. Дури 45 отсто од граѓаните на главниот град на државава како единствено транспортно средство ги користат автомобилите. Проценката на Нумбео е дека патувајќи до работа или до школо, граѓаните годишно продуцираат дури 678,9 килограми ЦО2.

Сподели!
- Advertisement -