Илон Маск и официјално го сруши Гинисовиот рекорд за најголема загуба на лично богатство во историјата. Тој изгуби околу 182 милијарди долари од ноември 2021 година, како што проценува Forbes, иако други извори сугерираат дека таа загуба е приблично до 200 милијарди долари.
Додека точната сума е речиси невозможно да се утврди, вкупната загуба на Маск во секој случај го надминува претходниот рекорд од 58,6 милијарди долари, кој го држеше јапонскиот технолошки инвеститор Масајоши Сон од 2000 година.
Според Forbes, нето богатството на Маск паднало од максимални 320 милијарди долари во 2021 година на 138 милијарди долари во јануари 2023 година и тоа главно се должи на падот на вредноста на акциите на Tesla, кои во текот на 2022 година поевтинија за 65%. Но, и покрај падот на вредноста на акциите, Tesla и понатаму е највредната автомобислка компанија во светот – дури 100 милијарди долари повредна од конкурентот Toyota.
Поради тоа Маск го изгуби и својот статус најбогата личност во светот и местото му го препушти на Бернар Арно, основачот на конгломератот за луксузни стоки LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy), кој се проценува дека вреди 190 милијарди долари.
Исто така, за сево овса придонесе и тоа што Маск го купи Twitter за околу 44 милијарди долари во октомври минатата година.
(Guinness World Records)
(фото: ERP Today)