Нема сомнение дека обновливите извори на енергија се иднината на Земјата. Тие ги има во сите земји, но нивниот вкупен потенцијал се уште не е искористен. Според Меѓународната агенција за обновлива енергија, до 2050 година 90% од електричната енергија во светот треба да дојде од обновливи извори.
Изворите како Сонцето и ветрот се непостојани, па затоа пронаоѓањето иновативни начини да се складира нивната енергија на пристапен и ефикасен начин е најбитно. Има ефективни решенија за дневно складирање енергија, како што се батериите, но нема исплатливо решение за на подолг рок.
Но, во една нова студија предводена од Меѓународниот институт за применета системска анализа тим од истражувачи разви нов начин за складирање енергија со помош на песок и напуштени рудници. Новата техника се вика Underground Gravity Energy Storage (UGES), а е ефикасно решение за долгорочно складирање енергија со помош на старите рудници, кои ги има милиони ширум светот.
Студијата е објавена во MDPI.
Рудниците веќе ја имаат основната инфраструктура и се поврзани со електрична мрежа, со што значително се намалува трошокот и се олеснува имплементацијата на UGES фабриките, велат авторите на студијата.
Како функционира овој метод? Основните компоненти на UGES се јама, генератор, горен и долен дел за складирање и опрема за минирање. UGES генерира електрицитет кога цените на струјата се високи така што го спушта песокот во подземна бушотина. Потенцијалната енергија на песокот се претвора во електрицитет преку регенеративно кочење. Потоа песокот со помош на електрични мотори се подига од рудникот во резервоар поставен повисоко за да се складира енергија кога струјата е евтина. Колку е подлабока и поширока јамата, толку повеќе енергија може да се екстрахира фо фабриката, а колку е поголем рудникот, толку е повисок капацитетот за складирање енергија.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixabay)