Хрватската компанија Bellabeat ја освои наградата MUSE Awards 2022 во категоријата Дизајн на производи со преносни технологии. Производот за кој Bellabeat ја доби оваа престижна меѓународна награда е дигиталната алка за следење на женското здравје наречена Bellabeat Ivy.
Со над 6.000 пријави од целиот свет, MUSE Creative Awards и MUSE Design Awards ја продолжуваат својата мисија за оддавање чест на креативните и дизајнерските професионалци.
„Bellabeat е познат по преубавиот и едноставен дизајн на сите свои преносни уреди. Постојано ги подигаме стандардите додека интегрираме преносна технолологија во секојдневните стилови на накит наменет за модерната жена. Ivy е скапоцен камен и најновиот прпоизвод во каталогот на Bellabeat. Голема чест ни е што нашата посветеност на дизајнот привлече внимание и ја освои наградата Muse Design Award“ вели Уршска Сршен, соосновач на Bellabeat.
„Нашите тимови за развој на производи и дизајн работат неуморно за да се осигураме дека нашите стандарди за функционалност и изгледаат далеку над нашите конкуренти за преносни уреди ширум светот. Нашиот дизајн, исто така, е над нашите конкуренти за преносни уреди и тоа од аспект на мобилната апликација Bellabeat. Самата апликација е дизајнирана исто толку убаво како и самата алка Ivy и со тоа целосно придонесува за привлечноста на нашите уреди а следење на женслото здравје“ вели Сандро Мур, соосновач и извршен директор на Bellabeat.
(Vidi.hr)
(фото: Facebook)