Tesla го објави својот извештај за заработката во четвртиот квартал од 2022 година. Според тој извештај, Tesla тврди дека заработиле 3,7 милијарди долари нето добивка на 24,3 милијарди долари приходи. Станува збор за скок од 59% во однос на 2021 година.
Tesla со тоа трета година е во плус, со 14,1 милијарди долари нето добивка во 2022 година, во споредба со 5,5 милијарди долари добивка во 2021 година и само 721 милиони долари во 2020 година. Кога станува збор за приходите, таа бројка изнесува 81,5 милијарди долари приходи вкупно а наведените три години.
Извештајот од Teslа доаѓа во време на слаба побарувачка, постојано зголемување на цените и постојана драма околу Twitter, откако Илон Маск стана шеф на таа социјална мрежа. Освен тоа, Tesla во последниот квартал се бори со стареењето на линијите возила и зголемената конкуренција од други производители на електрични возила.
Tesla во последниот квартал од минатата година испорачала 405.278 возила, а на годишно ниво лани испорачале 1,3 милиони возила и со тоа ја надминаа целта – раст од 50% во однос на 2021 година.
Компанијата и за годинава си зададе цел да го прошири производството во што пократок рок за 50%, се вели во извештајот.
(The Verge)
(фото: Flickr)