Количината на дигитални јуани во оптек достигна 13,61 милијарди јуани (околу 2,01 милијарди долари) до крајот на 2022 година, покажаа податоците на кинеската централна банка.
Како законско средство за плаќање во дигитална форма, дигиталниот јуан е компонентна на кинеската валута, исто како и физичките ренминби. Неопходно е да се комбинира статистиката и анализата, како и да се имплементира целосно управување со двата облици на валутата, вели вицегувернерот на банката, Сјуан Чангпенг.
Со сценаријата за примена, вредностите на трансакциите и количината дигитални јуани кои постојано се во поголем број последниве години, релативните системи на управување и пресметките се подобрени, вели Сјуан.
Вклучувањето на дигиталниот јуан во трансакциите може попрецизно да го одразува размерот на пари во оптек, додава тој.
(Beta)
(фото: Pixabay)