Ударот на гром во песочните дини во сојузната американска држава Небраска зад себе оставил конфигурација кристали каква што ретко кога се наоѓа во природата. Станува збор за парче фулгурит или т.н. фосилизирана молња, која настанува со силен удар на електрична енергија која патува низ песокот и го спојува. Распоредот на материите во квазикристалите во фулгурит научниците претходно го сметале за невозможен.
Ова откритие сугерира дека постојат досега непознати начини на формирање квазикристали, што создава и нови начини за нивна синтеза во лабораторија. Моментално истражувањето е осмислено така за да се истражат другите возможни механизми инспирирани од природата за генерирање квазикристали – електрично празнење. Откритието на квазикристали во фулгурит со ретко забележана 12-кратна симетрија и состав кој досега не бил пријавен укажува на тоа дека овој пристап исто така би бил возможен во лабораторија, пишуваат на авторите на студијата, предводени од геологот Лука Бинди од Универзитетот Фиренца во Италија.
Најголем дел од крутите кристали во природата, од едноставната кујнска сол до најцврстите дијаманти, следат една иста шема. Според таа шема, нивните атоми се распоредени во решеткаста структура, која се повторува во тридимензионалниот простор. Цврстите материи кои немаат таква атомска структура, како што е стаклото, се збрка на атоми споени без правилности и причини. Квазикристалите го кршат тоа правило, а нивните атоми се распоредени по примерок кој не се повторува.
Концептот за квазикристали отпрвин се сметал за невозможен, барем кога се појавила идејата за нив во 80-тите години од минатиот век. Се верувало дека цврстите материи може да бидат или кристални или аморфни. Меѓутао, научниците ги пронашле квазикристалите како во лабораториска средина, така и во природата.
Потоа утврдиле дека квазикристалите во природата може да се формираат само во екстрени услови, со неверојатно силен удар, висока температура и притисок. Таква една средина е хипербрзиот удар на еден метеорит и тоа долго време се сметало за единствената околност во која се сосдаваат квазикристалите во природата. Меѓутоа, физичарите ги пронашле и после тестирање на нуклеарки во 1945 година, а тоа неприродно откритие сугерирало дека можеби постојат други услови во кои може да се формираат квазикристалите.
Молњата е една од најприродните сили во природата, удира со екстремна брзина и може да го загрее воздухот низ кој поминува до 5 пати повеќе од површината на Сонцето. Сега се знае дека кога ќе удри во копно на вистинско место и со доволна брзина, може да го стопи песокот и зад себе да остави фулгурит.
Студијата е објавена во списанието PNAS.
(Science Alert)
(фото: Flickr)