Откриен сосема нов вид на мраз

- Advertisement -

Британски научници открива сосема нов облик на мраз. Тој мраз е аморфен, што значи дека нема уредно организирана кристална структура, а може да помогне во откривањето на мистериите на течната вода.

Науката веќе познава два вида на аморфен мраз – со висока и со ниска густина. Постоела една празнина помеѓу тие два вида и научниците мислеле дека постои начин да се направи аморфен мраз со средна густина или MDA. Но, кога Кристоф Салцман од Универзитетскиот колеџ во Лондон и неговите колеги ставиле обичен мраз, кој има хексагонална кристална структура, во сад со челични топки изладени на -200 °C го создале токму MDA мразот.

- Advertisement -

Финиот бел прав кој резултирал од експериментот имал густина на средина помеѓу два познати обилици на аморфен мраз, но уште поинтересно е тоа што имал речиси иста густина како течната вода. Тоа ги навело научниците да сугерираат дека тоа би можело да е вода во т.н. стаклена фаза, што е вид на материја која продолжува да се однесува како течност и на есктремно ниски температури, односно во кратки временски периоди стаклото може да изглчеда цврсто, но на подолго време да изгледа течно како вискозна течност.

Течната вода, колку и да изгледа обично, крие научни мистерии откако ќе се излади на екстремно ниски температури. Врз база на јазот кој постоле меѓу аморфниот мраз со ниска и висока густина, научниците претходно верувале дела изладената вода, всушност, може да постои во две различни течни фази одеднаш, при што едната плови над другата, Но, постоењето на MDA ја доведува во прашање сета таа теорија. Истражувањето за MDA мразот е објавено во научното списание Science.

- Advertisement -

MDA може да биде и битна состојка на ледените месечини надвор од Сончевиот систем. Тие чудни светови доживуваат интензивни сили на гравитација поради своите планети-домаќини, што може да создаде вистински услови за формирање на MDA мразот. Британските научници исто така откриле дека кога тој мраз ќе се загрее, ослободува голема количина топлина, што може да има големо влијание врз геолошката активност во тие светови.

(New Scientist)

- Advertisement -

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -